Додади коментар

Алиса во земјата на чудата

624,00 ден.
Шифра на производ: 9100799
ISBN: 978-84-342-1385-2

Достапност:  залиха

Kоличина

Во кошничка

Нурни се во Земјата на Чудата преку интерактивно читање што ти го нуди оваа книга. Алиса минува едно топло летно попладне на брегот на еден поток кога одеднаш Белиот Зајак протрчува крај неа, зборувајќи си: „Ох, не, ох, не! Ќе задоцнам!“ Изненадена и полна со љубопитност, Алиса го следи зајакот до неговата дупка во која пропаѓа... и нејзината волшебна авантура започнува. Волшебни колачиња, златно клуче, напивки и необични суштества те чекаат во овој луд, забавен, фантастичен свет. Класичното безвремено дело, адаптирано за новите технологии кои истовремено и го збогатуваат и го надградуваат, ќе им биде забавно и на оние кои се враќаат повторно во Земјата на Чудата, како и на оние коишто првпат ја истражуваат. Придружи и се на Алиса во нејзините авантури преку апликацијата за виртуелна и аугментирана реалност. Помогни му на Белиот Зајак да го пронајде неговиот драгоцен волшебен предмет така што ќе ги отклучуваш мини игрите и загатките како што се развива приказната... Запознај се со најпознатите жители на Земјата на Чудата: посети ги . Лудиот Шапкар и Мартовскиот Зајак на попладневна чајанка, играј крокет со Кралицата Срце, обиди се да го најдеш, Чеширскиот Мачор... И уште многу други изненадувања кои те чекаат во оваа волшебна адаптација на авантурите на Алиса Имаш ли доволно храброст да отпатуваш во Земјата на Чудата? Приказната за Алиса во земјата на чудата на сите деца им е позната. Но овде приказната е толку многу интересна затоа што вие сте во приказната. Вие, со помош на 3Д очилата виртуелно ја доживувате приказната. Има и неверојатни лепенки така што чувството е заокружено. Откријте го ова неверојатно искуство со оваа сликовница.

Издавач

Просветно Дело

Повез

Тврд

Јазик

Македонски

Година на издавање

2017

Број на страници

94

Димензии

24,00x27,00x5,00

Тежина гр.

870,00

Писмо

Кирилица

Останати производи од оваа група

logofooter
  • „Димитрие Чуповски“, бр. 15, Поштенски фах 6, 1000 Скопје
  • Тел. + 389 (0) 2 3117 255;
    Факс. + (0) 2 3220 373
  • Комерција: goran.dukoski@yahoo.com

Продажни места