Ул. Димитрие Чуповски 15
+389 (0) 2 3117 255

Додади коментар

Збирка задачи по математика за 5 одделение - втор дел

210,00 ден.
Шифра на производ: 511536
ISBN: 978-9989-0-1176-4

Kоличина

Во кошничка

Задачите во збирката се изработени според целите во наставната програма, распоредени се по недели и групирани се во согласност со индикаторите за оценување (помнење и разбирање, примена на помнење и разбирање). Задачите плус се соодветни за учениците кои се позаинтересирани за решавање на практични примери од математиката. На крајот од темите има по еден работен лист со групирани задачи од три вида („заокружи“, „дополни“ и „реши“) со што значително се олеснува изготвувањето тестови за писмено проверување на учениците. Оваа збирка нека биде основа за продолжување со нови идеи во математиката! Задачите за сите теми се изготвени по редослед со што се олеснува работата на наставниците, а за секоја недела се дадени содржини со што се овозможува поефикасно користење на збирката од страна на учениците. Концепцијата по која е работена збирката е оригинална и издржана. Задачите се селектирани на транспарентен начин, јасно и недвосмислено. Во оваа збирка секој може да се пронајде: ученици, наставници, родители и љубители на математиката.

Автор

Анета Смилевска; Лидија Филиповска; Мирко Петрушевски; Оливера Трифуновска; Трајче Ѓорѓијевски;

Издавач

Просветно Дело

Јазик

Македонски

Година на издавање

2017

Број на страници

156

Димензии

27,00x19,50x1,00

Тежина гр.

369,00

Останати производи од оваа група

Edit

Овој модул од страната е сеуште во развој.