Ул. Димитрие Чуповски 15
+389 (0) 2 3117 255

За Просветно дело

Просветно дело како компанија е формирана на 16 април 1945 година, врз основа на Решението на Президиумот на АСНОМ, од 31 март 1945 година, со задача да печати и издава книги, списанија и публикации со научна, културна и уметничка содржина, како и учебници за основно и средно образование. Првиот буквар на македонски јазик, а нешто подоцна и првиот правопис и првата граматика на македонски јазик, се изданија на Просветно дело. Просветно дело ги има издадено и првиот буквар на албански и на турски јазик. Со ова беа удрени темелите за афирмација на македонскиот литературен јазик. Определбата беше Просветно дело да се специјализира и да се усовршува, пред се, за издавање на учебници, лектири и списанија. . Просветно дело е приватно претпријатие кое е современо конципирано, со многубројни соработници во земјата и надвор од неа. Воспоставена е соработка со реномирани европски и светски издавачки куќи на полето на копродукцијата и белетристиката (романите). Во рамките на Просветно дело работи и Редакцијата Детска радост која е специјализирана за издавање на детски списанија и тинејџерска литература.

Со фирмата раководи генералниот директор, м-р Павле Петров.

Нашата историја

1945

Просветно дело АД е формирано на 16 април 1945 година

1946

Првиот буквар и на турски јазик.